Мени на почетниот екран на албумот
Преку менито на почетниот екран од албумот може да пребарувате низ сите фотоалбуми,
вклучувајќи ги и фотографиите и видеата снимени со камерата на уредот со специјални ефекти,
како и содржина што ја споделувате на интернет преку услуги како што се PlayMemories Online,
Picasa™ и Facebook. Штом ќе се пријавите на таквите услуги, може да управувате со содржината и
да прегледувате слики на интернет. Од апликацијата Албум, може и да додавате гео-ознаки на
фотографии, да извршувате задачи со основно уредување и да користите методи како што се
безжичната технологија Bluetooth® и е-пошта за споделување содржини.
1
Прегледувајте фотографии и видеа користејќи ја услугата PlayMemories Online
2
Вратете се на почетниот екран од апликацијата Албум за да ја прегледате целата содржина
3
Прегледувајте ги омилените фотографии и видеа
104
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
4
Прегледувајте ги сите видеа зачувани на уредот
5
Прегледувајте ги своите фотографии на мапа или во приказот на глобус
6
Прегледувајте ги скриените фотографии и видеа
7
Прегледувајте ги сите фотографии и видеа снимени со камерата на уредот со специјални ефекти.
8
Прегледувајте ги сите фотографии и видеа зачувани во уредот во различни папки
9
Прегледувајте ги сите фотографии со лица
10
Прегледувајте ги фотографиите и видеата од уредите на истата мрежа
11
Прикажете ги сите фотографии и видеа зачувани во USB-меморијата.
12
Отворете го менито со поставки за апликацијата Албум
13
Лизгајте нагоре или надолу за приказ на содржината
Услугата PlayMemories Online не е достапна во сите земји или региони.
Прегледување фотографии од онлајн услуги во апликацијата Албум
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Албум, потоа повлечете го надесно левиот раб од почетниот екран на
албумот.
3
Допрете ја саканата онлајн услуга, потоа следете ги инструкциите на екранот за да
започнете со неа. Се прикажуваат сите достапни онлајн албуми што сте ги поставиле на
услугата.
4
Допрете некој албум за да ја прегледате содржината, потоа допрете фотографија во
албумот.
5
Потчукнете налево за да ја прегледате следната фотографија или видео. Потчукнете
надесно за да ја прегледате претходната фотографија или видео.