Sony Xperia Z - Навигација на апликации

background image

Навигација на апликации

За навигација меѓу апликации користете ги копчињата за навигација, лентата со омилени и
прозорецот за неодамна користени апликации, коишто ви овозможуваат лесно да се префрлате
меѓу неодамна користените апликации. Копчињата за навигација се: копчето за почетен екран,
копчето за неодамнешни апликации и копчето за назад. Некои апликации се затвораат кога ќе го
притиснете копчето за почетен екран за да излезете, а други се паузирани или продолжуваат
да работат во заднина. Доколку некоја апликација е паузирана или се извршува во заднина, може
да продолжите каде што сте застанале при наредното отворање на апликацијата.

1

Прозорец со неодамна користени апликации – Отворете неодамна користена апликација

2

Лента со омилени – Користете кратенка за пристап до апликации или елементи

3

Копче за неодамнешни апликации – Отворете ги прозорецот со неодамна користени апликации и лентата со
омилени

4

Копче за почетен екран – Излезете од апликацијата и вратете се на почетниот екран

5

Копче за назад – Вратете се на претходниот екран во апликацијата или затворете ја апликацијата

20

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

За да се отвори прозорец со неодамна користените апликации

Притиснете го .

Затворање на сите неодамна користени апликации

Допрете , а потоа допрете

.

Отворање на мени во апликација

Додека ја користите апликацијата, притиснете .

Менито не е достапно во сите апликации.