Sony Xperia Z - Примање повици

background image

Примање повици

Доколку примите дојдовен повик додека уредот е во режим на мирување или екранот е заклучен,
телефонската апликација се отвора на цел екран. Доколку примите дојдовен повик додека екранот
е активен, дојдовниот повик се прикажува како лебдечко известување т.е минимизиран прозорец
што ледби брз отворениот екран. Кога ќе пристигне такво известување, може да одберете да
одговорите на повикот и да го отворите екранот на телефонската апликација или може да го
одбиете повикот и да останете на тековниот екран.

Одговарање на дојдовен повик кога екранот не е активен

Влечете го надесно.

Одговарање на дојдовен повик кога екранот е активен

Во лебдечкото известување што ќе се појави на екранот, допрете ОДГОВОР.

Наместо да одговорите на повикот, може да појдете во главниот екран на телефонската
апликација со допирање на горниот дел од прозорецот на лебдечкото известување. На
овој начин имате повеќе опции за управување со повикот. На пример, може да одлучите
да го одбиете повикот со порака .

Одбивање на дојдовен повик кога екранот не е активен

Влечете го налево.

Одбивање дојдовен повик кога екранот е активен

Во лебдечкото известување што ќе се појави на екранот, допрете ОДБИЈ.

Наместо да го одбиете повикот, може да појдете во главниот екран на телефонската
апликација со допирање на горниот дел од прозорецот на лебдечкото известување. На
овој начин имате повеќе опции за управување со повикот. На пример, може да одлучите
да го одбиете повикот со порака .

За да се исклучи звукот на тонот на ѕвонење за дојдовен повик

Кога примате повик притиснете го копчето за јачина на звукот.

Одбивање повик со текстуална порака

Може да одбиете повик со текстуална порака. Кога одбивате повик со таква порака, таа
автоматски му се испраќа на повикувачот и се зачувува во разговорот со пораки за контактот.
Може да одберете од однапред дефинираните пораки достапни на уредот или да создадете нова
порака. Може и да создадете свои персонализирани пораки со уредување на однапред
дефинираните.

61

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Одбивање повик со текстуална порака

1

Кога ќе пристигне дојдовен повик, повлечете го Одбиј со порака нагоре.

2

Одберете однапред дефинирана порака или допрете и напишете нова порака.

Одбивање втор повик со текстуална порака

1

Кога ќе слушнете повторливи бипови во текот на повик, повлечете нагоре Одбиј со
порака
.

2

Одберете однапред дефинирана порака или допрете и напишете нова порака.

Уредување на текстуалната порака за одбивање повик

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Повици > Одбиј повик со порака.

3

Одберете ја пораката што сакате да ја уредите, па направете ги неопходните промени.

4

Допрете OK.