Sony Xperia Z - Синхронизирање со Microsoft® Exchange ActiveSync®

background image

Синхронизирање со Microsoft® Exchange ActiveSync®

Доколку вашата компанија користи сметка на Microsoft Exchange ActiveSync, може да пристапувате
до пораките на службената е-пошта, состаноците од календарот и контактите директно од својот
уред. По поставувањето, вашите информации можете да ги најдете во апликациите Е-пошта,
Календар и Контакти.

Поставување сметка на EAS за синхронизација

1

Проверете дали се достапни деталите за доменот и серверот (обезбедени од
администраторот на корпоративната мрежа).

2

Од својот Почетен екран, допрете .

3

Допрете Поставки > Сметки > Додај сметка > Exchange ActiveSync.

4

Внесете ги корпоративната адреса на е-пошта и лозинката.

5

Допрете Следно. Уредот започнува да ги вчитува информациите за вашата сметка.
Доколку настане грешка, рачно внесете ги деталите за доменот и серверот од вашата
сметка и потоа допрете Следно.

6

Допрете ОК за да дозволите корпоративниот сервер да го контролира уредот.

7

Одберете кои податоци сакате да ги синхронизирате со својот уред, како контакти и
календарски записи.

8

Доколку сакате, активирајте го администраторот на уредот за да дозволите корпоративниот
сервер да контролира одредени безбедносни функции на уредот. На пример, може да
дозволите корпоративниот сервер да постави правила за лозинката и шифрирање за
зачувувањето.

9

Кога поставувањето ќе заврши, внесете име за корпоративната сметка.

Кога ќе ја промените лозинката за пријавување на сметката на EAS од компјутерот, треба
повторно да се пријавите на сметката на EAS од вашиот уред.

40

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Промена на поставките на сметката на EAS

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Допрете Е-пошта, потоа допрете .

3

Допрете Поставки и одберете ја сметката на EAS, па променете ги нејзините поставки
според потребите.

Поставување интервал на синхронизација за сметка на ЕАЅ

1

Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата .

2

Допрете ја опцијата Е-пошта, па потоа .

3

Допрете ја опцијата Поставки и одберете сметка за ЕАЅ.

4

Допрете ги опциите Зачест. на проверување > Зачест. на проверување и
одберете опција за интервал.

Отстранување сметка на EAS

1

Од својот Почетен екран, допрете > Поставки > Сметки.

2

Во Сметки, допрете Exchange ActiveSync, потоа одберете ја сметката на EAS што
сакате да ја отстраните.

3

Допрете , потоа допрете Отстрани сметка.

4

Допрете повторно Отстрани сметка за да потврдите.

41

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.