Правни информации
Sony C6603/C6602
Ова упатство за корисникот е објавено од Sony Mobile Communications Inc. или од негова локална филијала, без никаква
гаранција. Подобрувањата и промените на ова упатство за корисникот предизвикани од печатни грешки, неточности на
140
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
тековните информации или подобрувања на програмите и/или опремата може да ги направи Sony Mobile Communications Inc. во
секое време и без известување. Сепак, таквите промени ќе бидат опфатени во новите изданија на упатството за корисникот.
Сите илустрации се само за целите на објаснувањето и не може прецизно да го опишат вистинскиот уред.
Сите производи и имиња на компании споменати овде се трговски марки или регистрирани трговски марки на нивните
соодветни сопственици. Сите други трговски марки се сопственост на нивните соодветни сопственици. Задржани се сите права
што не се јасно одобрени. Посетете ја www.sonymobile.com/us/legal/ за повеќе информации.
Ова упатство за корисникот може да упатува на услуги или апликации обезбедени од трети страни. Користењето на таквите
програми или услуги може да бара одделна регистрација кај давателот на услуги на третата страна и може да е предмет на
дополнителни услови на користење. Однапред проверете ги условите на користење и важечките правила за приватност на веб-
страниците на третите страни од коишто се пристапува до апликациите. Sony не гарантира за достапноста или перформансите
на веб-локациите на која било трета страна, ниту пак за понудените услуги.
Вашиот мобилен уред има способност да презема, зачувува и препраќа дополнителни содржини, како што се тоновите на
ѕвонење. Користењето такви содржини може да биде ограничено или забрането со правата на третите страни, вклучувајќи ги,
но не ограничувајќи се на забраните со важечките закони за заштита на авторските права. Вие, а не Sony, сте целосно
одговорни за дополнителните содржини што ги преземате или препраќате од мобилниот уред. Пред да користите какви било
дополнителни содржини, проверете дали вашето намерно користење е правилно лиценцирано или овластено на друг начин.
Sony не гарантира за точноста, интегритетот или квалитетот на какви било дополнителни содржини или содржини од која било
трета страна. Под ниту едни услови Sony нема да биде одговорен на каков било начин за вашето неправилно користење на
дополнителни содржини или на други содржини од третите страни.
Посетете ја www.sonymobile.com за повеќе информации.
Овој производ е заштитен со одредени права на интелектуална сопственост од Microsoft. Забрането е користење или
дистрибуција на таква технологија надвор од овој производ без лиценца од Microsoft.
Сопствениците на содржините користат технологија за управување со дигиталните права Windows Media (WMDRM) за заштита
на својата интелектуална сопственост, вклучувајќи ги и авторските права. Овој уред користи софтвер на WMDRM за пристап до
содржини заштитени со WMDRM. Ако софтверот на WMDRM не успее да ги заштити содржините, нивните сопственици може да
побараат од Microsoft да ја повлече можноста на софтверот да користи WMDRM за репродукција или копирање заштитени
содржини. Повлекувањето не влијае на незаштитените содржини. Кога преземате лиценци за заштитени содржини, се
согласувате дека Microsoft може да вклучи листа за повлекување со лиценците. Сопствениците на содржините може да
побараат надградување на WMDRM за пристап до нивните содржини. Ако одбиете надградба, нема да може да пристапите до
содржините што ја бараат надградбата.
Овој производ е лиценциран според лиценците MPEG-4 visual и AVC patent portfolio за лична и некомерцијална употреба на
потрошувачот за (i) кодирање видео во согласност со стандардот MPEG-4 visual („MPEG-4 video“) или AVC („AVC video“) и/или
(ii) декодирање на видео MPEG- 4 или AVC што е кодирано од страна на потрошувач вклучен во лична и некомерцијална
активност и/или е добиено од обезбедувач на видео лиценциран од MPEG LA за обезбедување видеа MPEG-4 и/или AVC.
Ниедна лиценца не е одобрена или нема да се подразбира за каква било друга употреба. Дополнителни информации во кои
спаѓаат оние што се донесуваат на промотивна, внатрешна и комерцијална употреба и лиценцирањето може да се добијат од
MPEG LA, L.L.C. Видете на www.mpegla.com. MPEG Layer-3 технологијата за декодирање аудио е лиценцирана од Fraunhofer
IIS and Thomson.
SONY MOBILE НЕ Е ОДГОВОРЕН ЗА КАКВА БИЛО ЗАГУБА, БРИШЕЊЕ И/ИЛИ ПРЕБРИШУВАЊЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ИЛИ
ДАТОТЕКИ ЗАЧУВАНИ ВО ВАШИОТ УРЕД (ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА КОНТАКТИТЕ, ПЕСНИТЕ И
СЛИКИТЕ) ШТО Е РЕЗУЛТАТ НА АЖУРИРАЊЕ НА УРЕДОТ СО НЕКОЈ ОД ОПИШАНИТЕ МЕТОДИ ВО УПАТСТВОТО ЗА
КОРИСНИЦИ ИЛИ ВО ДОКУМЕНТАЦИЈАТА. ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ, ВКУПНАТА ОДГОВОРНОСТ НА SONY MOBILE ИЛИ
НЕГОВИТЕ ДОСТАВУВАЧИ НЕМА ДА ЈА НАДМИНЕ ВКУПНАТА СУМА ШТО СТЕ ЈА ПЛАТИЛЕ ЗА УРЕДОТ ЗА НАСТАНАТИТЕ
ШТЕТИ, ЗАГУБИ И ПРИЧИНИ ЗА ДЕЈСТВУВАЊЕ (ПОД ДОГОВОР ИЛИ ДЕЛИКТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ
НА НЕБРЕЖНОСТ ИЛИ ДРУГО).
© 2015 Sony Mobile Communications Inc.
Сите права се задржани.
141
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.