Sony Xperia Z - Наоѓање на изгубениот уред

background image

Наоѓање на изгубениот уред

Доколку имате сметка на Google™, веб-услугата „Заштита со my Xperia“ може да ви помогне да го
најдете и обезбедите уредот доколку некогаш го изгубите. Доколку ја активирате оваа услуга на
уредот, може:

Да го најдете уредот на мапа.

Да создадете звучно предупредување дури и ако уредот е во режим за нечујно.

Далечински да го заклучите уредот.

Далечински да ја исчистите внатрешната и надворешната меморија од уредот како последна
опција.

Услугата „Заштита со my Xperia“ може да не е достапна во сите држави/региони.

Активирање на услугата Заштита со my Xperia на уредот

1

Проверете дали имате активна податочна конекција.

2

Од својот Почетен екран, допрете .

3

Најдете и допрете Поставки > Безбедност > Заштита од my Xperia >
Активирај.

4

Обележете го полето за избирање за да се согласите со одредбите и условите за
користење на услугата Заштита со my Xperia, а потоа допрете Прифати.

5

Доколку се побара, пријавете се на вашата сметка на Google™ или креирајте нова доколку
немате.

6

Вклучете услуги за локација во својот уред доколку оваа функција не е веќе вклучена.

За да потврдите дека услугата Заштита со my Xperia може да го најде вашиот уред откако
ќе ја активирате, појдете на myxperia.sonymobile.com и пријавете се со сметката на
Google™

што е поставена на вашиот уред.

Ако користите уред со повеќе корисници, услугата Заштита со my Xperia е достапна само
за корисникот што е пријавен како сопственик.