Безжично прикажување на екранот од уредот на
телевизор
Може да ја користите функцијата за прикажување на екранот од својот уред на телевизор или на
друг голем екран без да се користи кабелска конекција. Технологијата Wi-Fi Direct™ креира
безжична конекција меѓу двата уреди, па може да се опуштите и да уживате во омилените
фотографии од удобноста на својот кауч. Оваа функција можете да ја користите и за да слушате
музика од уредот преку звучниците од телевизорот.
Телевизорот мора да поддржува прикажување на екранот што се заснова на Wi-Fi
CERTIFIED Miracast™
за опишаната функционалност да работи. Ако вашиот телевизор
не поддржува прикажување на екранот, треба посебно да купите адаптер за безжичен
екран.
Кога користите прикажување на екранот, мешањето на другите Wi-Fi® мрежи може да
има негативно влијание врз квалитетот на сликата.
110
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Прикажување на екранот од уредот на ТВ-екран
1
ТВ: Следете ги инструкциите во упатството за корисникот од вашиот ТВ за вклучување на
функцијата за прикажување на екранот.
2
Вашиот уред: Од својот Почетен екран, допрете .
3
Најдете и допрете Поставки > Врска со Xperia™ > Прикажување на екранот.
4
Допрете Вклучи.
5
Допрете OK и одберете уред.
Кога користите прикажување на екранот, не покривајте ја областа за антената на Wi-Fi на
уредот.
Телевизорот мора да поддржува прикажување на екранот што се заснова на Wi-Fi
CERTIFIED Miracast™
за опишаната функционалност да работи.
Прекинување на прикажување на екранот меѓу уредите
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Врска со Xperia™ > Прикажување на екранот.
3
Допрете Исклучи, потоа допрете OK.