Sony Xperia Z - Телефонска тастатура

background image

Телефонска тастатура

Телефонската тастатура е слична на стандардна телефонска тастатура со 12 копчиња. Ви дава
опции за внесување текст на предвидлив начин и со повеќекратно допирање. Можете да го
активирате начинот на внесување на текст на телефонската тастатура преку поставките за
тастатурата. Телефонската тастатура е достапна само во ориентација на портрет.

1 Одбирање опција за внесување текст. Може да го допрете секој знак еднаш и да користите предлози на зборови или

да продолжите со допирање на копчето сè додека не се избере потребниот знак.

2 Бришење знак пред покажувачот.

3 Внесување нов ред или потврда за внесен текст.

4 Внесување празно место.

5 Приказ на симболи и емотикони.

6 Приказ на броеви.

7 Промена на големината на знаците и вклучување големи букви.

Отворање на телефонската тастатурата за првпат

1

Допрете поле за запис на текст, па допрете го

.

2

Допрете ја опцијата , па допрете ја опцијата Поставки за тастатурата.

3

Допрете ја опцијата Портрет тастатура, па одберете ја опцијата Тастатура на
телефон
.

56

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Внесување текст користејќи ја телефонската тастатура

Кога ќе се појави на телефонската тастатура, допрете го секое копче за знаци само
еднаш, дури и ако саканата буква не е првата буква на копчето. Допрете го зборот што ќе
се појави или допрете

за да видите повеќе предлози за зборови и одберете збор од

листата.

Кога ќе се појави на телефонската тастатура, допрете го копчето на екранот за знакот
што сакате да го внесете. Притискајте го копчето сè додека не се одбере саканиот знак.
Потоа направете го истото за следниот знак што сакате да го внесете и така натаму.

Внесување броеви користејќи ја телефонската тастатура

Кога ќе се прикаже телефонската тастатура, допрете . Се појавува телефонска
тастатура со броеви.

Вметнување симболи и емотикони користејќи ја телефонската тастатура

1

Кога ќе се прикаже телефонската тастатура, допрете

. Се појавува мрежа со симболи и

емотикони.

2

Лизгајте нагоре или надолу за приказ на повеќе опции. Допрете на симболот или
емотиконата за да ги одберете.