Пристапување до поставки
Видете ги и изменете ги поставките на својот уред од менито Поставки. До менито Поставки се
пристапува од екранот со апликации и од панелот Брзи поставки.
Отворање на менито за поставки на уредот од екранот со апликации
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Допрете Поставки.
Прикажување информации за уредот
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > За телефонот.
Отворање на паното со брзи поставки
•
Повлечете ја лентата за статус надолу со два прста.
Одбирање на поставките за прикажување на паното со брзи поставки
1
Повлечете ја лентата за статус надолу со два прста, а потоа допрете .
2
Во лентата на врвот од екранот, допрете ја и држете ја иконата за брзи поставки што
сакате да ја додадете, потоа влечете и пуштете ја во долниот дел од екранот.
Преуредување на паното со брзи поставки
1
Повлечете ја лентата за статус надолу со два прста, а потоа допрете .
2
Допрете ја и држете ја иконата, па влечете ја кон саканото место.