Sony Xperia Z - Заклучување на екранот

background image

Заклучување на екранот

Има неколку начини на заклучување на екранот. Нивото на безбедност на секој тип заклучување
на екранот е наведено подолу од најслабо кон најјако:

Лизгање – нема заштита, но имате брз пристап до почетниот екран

Шема за отклучување – нацртајте едноставна шема со прстот за отклучување на уредот

PIN – внесете нумерички PIN од најмалку четири цифри за отклучување на уредот

Лозинка – внесете алфанумеричка лозинка за отклучување на уредот

Многу е важно да ја запаметите вашата шема за отклучување на екранот, PIN бројот или
лозинката. Ако ги заборавите овие информации, невозможно е да се вратат важните
податоци како што се контактите и пораките.

Ако имате поставено Microsoft® Exchange ActiveSync® (EAS) сметка на вашиот Xperia™
уред, поставките за безбедност на EAS може да го ограничат видот на екран при
заклучување само на PIN или лозинка. Ова се случува кога мрежниот администратор ќе
назначи конкретен вид на екран при заклучување за сите EAS сметки од безбедносни
причини за претпријатието. Контактирајте со мрежниот администратор на вашата

46

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

компанија или организација за да проверите кои безбедносни политики за мрежа се
применливи за мобилни уреди.

Промена на типот на заклучување на екранот

1

Од почетниот екран, допрете ја .

2

Најдете и допрете Поставки > Безбедност > Заклучување екран.

3

Следете ги инструкциите на уредот и одберете друг тип на заклучување на екранот.

Креирање шема за заклучување на екранот

1

Од почетниот екран, допрете ја .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Безбедност > Заклучување екран >
Шаблон.

3

Следете ги инструкциите на уредот.

Доколку шемата за заклучување се одбие петпати по ред при отклучување на уредот,
треба да почекате 30 секунди за да се обидете повторно.

Промена на шемата за заклучување на екранот

1

Од својот Почетен екран, допрете ја .

2

Најдете и допрете Поставки > Безбедност > Заклучување екран.

3

Нацртајте ја шемата за отклучување на екранот.

4

Допрете Шаблон и следете ги инструкциите на уредот.

Креирање PIN за заклучување на екранот

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Безбедност > Заклучување екран > PIN.

3

Внесете нумерички PIN и потоа допрете Продолжи.

4

Повторно внесете го и потврдете го PIN-кодот и потоа допрете OK.

5

Следете ги инструкциите на уредот.

Креирање лозинка за заклучување на екранот

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Безбедност > Заклучување екран > Лозинка.

3

Внесете лозинка, потоа допрете Продолжи.

4

Повторно внесете ја и потврдете ја вашата лозинка и потоа допрете OK.

5

Следете ги инструкциите на уредот.

Активирање на функцијата за отклучување со поминување со прстот

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Безбедност > Заклучување екран.

3

Нацртајте ја шемата за отклучување на екранот или внесете го PIN-кодот или лозинката
доколку е вклучен еден од овие типови заклучувања на екранот.

4

Допрете Поминув. со прст.