Препознавање на лице
Можете да користите препознавање на лице за да доведете лице во фокус кое е надвор од
центарот. Камерата автоматски препознава најмногу пет лица, обележани со бели рамки. Обоена
рамка покажува чие лице е одбрано за фокус. Фокусот е поставен на лицето најблизу до камерата.
Можете исто така да допрете една од рамките за да одберете кое лице треба да биде во фокусот.
Вклучување препознавање на лице
1
Активирајте ја камерата.
2
Допрете , па одберете .
3
Допрете , потоа допрете .
4
Допрете Режим на фокус > Препознавање на лице.
Фотографирање користејќи препознавање на лице
1
Кога е отворена камерата и вклучено е Препознавање на лице, насочете ја камерата
кон субјектот. До пет лица може да бидат воочени и секое воочено лице е врамено.
2
Допрете ја рамката што сакате да ја одберете за фокусирање. Не допирајте ако сакате
камерата автоматски да го одбере фокусот.
3
Обоена рамка покажува чие лице е во фокусот. Допрете го екранот за да фотографирате.