Sony Xperia Z - Поставки на видео камерата

background image

Поставки на видео камерата

Прилагодување на поставките на видео камерата

1

Активирајте ја камерата.

2

Допрете , па одберете .

3

Доколку видео камерата не е одбрана, допрете .

4

За да се прикажат сите поставки, допрете .

5

Одберете ја поставката што сакате да ја прилагодите, па направете ги промените.

Преглед на поставките за видеокамерата

Видео резолуција

Прилагодете ја видео резолуцијата за различни формати.

Целосна HD
1920×1080(16:9)
Формат на целосно HD (Full High Definition) со размер 16:9.

HD
1280×720(16:9)
Формат HD (High Definition) со размер 16:9.

VGA
640×480(4:3)
Формат VGA со размер 4:3.

MMS
Снимајте видеа прикладни за испраќање во мултимедијални пораки. Времето на снимање во овој видео формат е
ограничено за да ги собере видео датотеките во мултимедијалната порака.

Овие поставки се достапни само во режимот на снимање Рачно.

Автотајмер

Со автотајмерот може да снимате видео без да го држите уредот. Користете го да снимате групни
видеа каде сите можат да бидат снимени. Може исто така да го користите автотајмерот ако сакате
да избегнете тресење на камерата кога снимате.

Вклучено (10 секунди)
Поставете одложување од 10 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата, па до моментот кога видеото
ќе почне да се снима.

Вклучено (2 секунди)
Поставете одложување од 2 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата, па до моментот кога видеото
ќе почне да се снима.

Вклучено (0,5 секунди)
Поставете одложување од половина секунда од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата, па до моментот кога
видеото ќе почне да се снима.

Исклучено
Видеото ќе започне да се снима веднаш штом го допрете екранот на камерата.

Smile Shutter™(

видео)

Користете ја функцијата Smile Shutter™ за да одредите на каков вид насмевка реагира камерата
пред да снимате видео.

Режим на фокусирање

Поставката на фокусот контролира кој дел од видео клипот треба да биде остар. Кога е вклучен
континуираниот автоматски фокус, камерата продолжува да го прилагодува фокусот па така
областа во белата рамка на фокусот останува остра.

Поединечен автом. фокус
Камерата автоматски се фокусира на одбраниот предмет. Вклучен е континуираниот автоматски фокус.

97

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Препознавање на лице
Камерата автоматски открива до пет човечки лица, означени со рамки на екранот. Камерата автоматски се фокусира на
најблиското лице. Можете и да одберете кое лице да се фокусира со негово допирање на екранот. Кога ќе го допрете
екранот на камерата, жолтата рамка покажува кое лице е одбрано и е во фокусот. Препознавањето лица не може да се
користи за сите типови на сцени. Вклучен е континуираниот автоматски фокус.

Следење на објект
Доколку изберете објект со допирање во пронаоѓачот на изглед, камерата ќе го следи за вас.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

HDR

видео

Користете ја поставката за HDR (високодинамичен опсег) видео за снимање видео при силно
заднинско осветлување или во услови на остар контраст. HDR видеото компензира за загубата на
детали и произведува слика што добро ги претставува и темните и светлите области.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

Премерување

Оваа функција автоматски одредува добро балансирана експозиција преку мерење на количината
на светлина што паѓа на сликата која сакате да ја направите.

Центар
Ја прилагодува експозицијата кон центарот на сликата.

Просечно
Ја пресметува експозицијата според количината на светлина што паѓа на целата слика.

Точка
Ја приспособува експозицијата во многу мал дел од сликате што сакате да ја направите.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

Видео стабилизатор

Кога снимате видео клип, може да биде тешко да го држите уредот мирно. Стабилизаторот помага
преку компензирање за малите движења на раката.

Микрофон

Одберете дали да се слуша звукот од околината кога снимате видеа.

Краток приказ

Може да изберете да прикажувате видеа веднаш по снимањето.

Вклучено
Краткиот приказ на видеото се појавува по снимањето.

Уреди
Видеото се отвора за уредување по снимањето.

Исклучено
Видеото се зачувува по снимањето и не се појавува краток приказ.

Блиц

Користете го блицот за да снимате видео клипови при лошо осветлување или кога има заднинско
осветлување. Иконата на видео-блицот е достапна само на екранот на видео камерата. Имајте
предвид дека понекогаш квалитетот на видео клипот може да биде подобар без светло, дури и во
услови на слабо осветлување.

Вклучено

Исклучено

98

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Одбирање сцена

Функцијата за одбирање сцени ви помага брзо да ја поставите камерата за вообичаени ситуации
користејќи претходно програмирани видео сцени. Камерата нуди одредени поставки за
приспособување на одбраната сцена, што обезбедува најдобро можно видео.

Исклучено
Функцијата за одбирање сцени е исклучена и може рачно да снимате видеа.

Фотографирање предмети
Користете ја за снимање видеа наспроти меки заднини.

Пејзаж
Користете ја за видеа на пејзажи. Камерата се фокусира на далечни објекти.

Ноќ
Кога е вклучена, чувствителноста на светло е зголемена. Користете ја во слабо осветлени околини. Видеата на
предметите што се движат брзо може да станат замаглени. Држете ја мирно раката или користете статив.
Исклучете го ноќниот режим кога светлосните услови се добри за да го подобрите квалитетот на видеото.

Плажа
Користете ја за видеа од сцени покрај море или езеро.

Снег
Користете ја во светли средини за да избегнете премногу осветлени видеа.

Спортови
Користете ја за видеа на предмети што брзо се движат. Краткото време на експозиција го минимизира
замаглувањето при движење.

Забава
Користете ја за видеа во затворен простор со слабо осветлување. Оваа сцена користи осветлување од
заднината на затворен простор или од свеќа. Видеата на предметите што се движат брзо може да станат
замаглени. Држете ја мирно раката или користете статив.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

99

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.