Општи поставки на камерата
Преглед на поставките за режимот на снимање
Автоматско оптимизирање
Оптимизирајте ги поставките за да одговараат на секоја сцена.
Рачно
Рачно прилагодете ги поставките на камерата.
Sound Photo
Фотографирајте со звук во заднината.
Креативен ефект
Применете ефекти на фотографиите или видеата.
Проширена панорама
Користете ја оваа поставка за да сликате широкоаголни и панорамски фотографии.
Автоматско оптимизирање
Режимот на автоматско оптимизирање ги препознава условите во коишто снимате и автоматски ги
прилагодува поставките за да ви овозможи да направите најдобра можна фотографија.
Највисоката резолуција што ја поддржува режимот на автоматско оптимизирање е 8 MP.
Ако сакате да фотографирате со повисока резолуција, користете го режимот Рачно.
Рачен режим
Користете го рачниот режим кога сакате рачно да ги прилагодите поставките на камерата за
снимање и фотографирање.
Креативен ефект
Може да применувате различни ефекти на фотографиите или видеата. На пример, може да
додадете носталгичен ефект за класичен изглед на фотографиите или ефект на скица за
поинтересна слика.
Sweep Panorama
Со лесно движење со притискање и повлекување можете да правите широкоаголни фотографии
во хоризонтална и вертикална насока.
91
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Панорамско фотографирање
1
Активирајте ја камерата.
2
Допрете го , па одберете .
3
Да одберете насока за снумање, допрете ја опцијата
.
4
Само допрете го екранот и мирно движете ја камерата од една на друга страна.
Преземање апликации за камера
Од Google Play™ или други извори можете да преземете бесплатни апликации или платени
апликации за камера. Пред да започнете со преземањето, проверете дали имате активна
конекција со интернет, најдобро преку Wi-Fi® за да се ограничат трошоците за сообраќајот на
податоци.
За да преземете апликации за камера
1
Отворете ја апликацијата за камерата.
2
Допрете , а потоа допрете ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ.
3
Изберете ја апликацијата што сакате да ја преземете, а потоа следете ги упатствата за
комплетирање на инсталацијата.
Брзо стартување
Користете поставки за Брзо стартување за стартување на камерата кога екранот е заклучен.
Само стартувај
По повлекувањето
навнатре, се активира главната камера од режимот на мирување.
Стартувај и сликај
По повлекувањето
навнатре, се активира фотоапаратот од режимот на мирување и се слика фотографија.
Стартувај и снимај видео
По повлекувањето
навнатре, се активира видео камерата од режимот на мирување и започнува снимањето.
Исклучено
Гео-означување
Означете фотографии со детали каде сте ги направиле.
Снимање со допир
Одредете ја областа за фокусирање и потоа допрете го со прстот екранот на камерата.
Фотографијата се прави веднаш штом ќе го ослободите прстот.
Звук
Одберете дали да го вклучите или исклучите звукот при фотографирање.
Меморија
Може да одберете да ги чувате своите податоци или на SD-картичка што може да се отстранува,
односно на внатрешната меморија на уредот.
Внатрешна меморија
Фотографиите или видеата се чуваат во меморијата на уредот.
SD-
картичка
Фотографиите или видеата се чуваат на SD-картичката.
Баланс на бела боја
Оваа поставка, што е достапна само во режимот на снимање Рачно, го прилагодува балансот на
бои според осветлувањето. Таа ви овозможува и рачно да ја прилагодувате експозиција во
опсегот од -2,0 EV до +2,0 EV. На пример, може да ја зголемите светлината на сликата или да ја
намалите вкупната експозиција со притискање на контролите плус или минус соодветно кога ќе се
прикаже иконата за поставување баланс на бела боја .
92
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Автоматски
Го прилагодува балансот на бои автоматски според осветлувањето.
Усвитеност
Го прилагодува балансот на бои за топло осветлување, како под светилки.
Флуоресцентна
Го прилагодува балансот на бои за флуоресцентно осветлување.
Дневна светлина
Го прилагодува балансот на бои за надворешни, сончеви услови.
Облачно
Го прилагодува балансот на бои за облачно време.