Sony Xperia Z - Календар

background image

Календар

Користете ја апликацијата Календар за управување со својот временски распоред. Доколку сте
пријавени и го синхронизирате уредот со една или повеќе електронски сметки коишто вклучуваат
календари, на пример сметка на Google™ или Xperia™ со сметка на Facebook, тогаш настаните од
календарите на тие сметки ќе се појават во апликацијата Календар. Може да одберете кои
календари да се опфатат во комбинираниот приказ на календарот.
Кога ќе се приближи времето за состанокот, уредот репродуцира звук за да ве потсети. Исто така,

се прикажува во статусната лента.

1

Избирете тип на приказ и календари коишто сакате да ги прегледате

2

Вратете се на тековниот датум

3

Пристапете до поставките и другите опции

4

Потчукнете налево или надесно за побрзо пребарување

5

Избран датум

6

Дневен ред за избраниот ден

7

Додадете настан во календарот

Креирање настан во календарот

1

Од својот Почетен екран, допрете , а потоа допрете Календар.

2

Допрете .

3

Доколку календарот е синхронизиран со една или повеќе сметки, одберете ја сметката
каде што сакате да го додадете настанот. Доколку сакате да го додадете настанот само на
уредот, допрете Календар на уредот.

4

Внесете ги или одберете ги саканите информации и додајте учесници во настанот.

5

За да го зачувате настанот и да испратите покани, допрете Зачувај.

Прегледување настани во календарот

1

Од својот Почетен екран, допрете , а потоа допрете Календар.

2

Допрете го настанот што сакате да го прегледате.

Прегледување повеќе календари

1

Од својот Почетен екран, допрете , потоа најдете и допрете Календар.

2

Допрете , па обележете ги соодветните полиња за избирање на календарите што сакате
да ги прегледате.

Зумиран приказ на календарот

Кога ќе го одберете приказот Седмица или Ден, стиснете на екранот за зумирање.

125

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Прикажување државни празници во апликацијата Календар

1

Од својот Почетен екран, допрете , а потоа допрете Календар.

2

Допрете , потоа допрете Поставки.

3

Допрете Државни празници.

4

Одберете опција или комбинација од опции, па допрете ОК.

Прикажување родендени во апликацијата Календар

1

Од својот Почетен екран, допрете , а потоа допрете Календар.

2

Допрете , потоа допрете Поставки > Родендени.

3

Повлечете го лизгачот покрај Родендени надесно, па одберете ја групата со контакти за
коишто сакате ги прикажете родендените.

Прикажување временска прогноза во апликацијата Календар

1

Од својот Почетен екран, допрете , а потоа допрете Календар.

2

Допрете , потоа допрете Поставки.

3

Допрете Временска прогноза, потоа повлечете го надесно лизгачот покрај
Временска прогноза.

4

Доколку услугите за локација се исклучени, допрете Домашна локација, па пребарајте
го градот што сакате да го додадете.

За повеќе информации за вклучување на услугите за локација, видете Користење
локациски услуги
на страницата 122 .

Промена на поставките за временска прогноза во апликацијата Календар

1

Од својот Почетен екран, допрете , а потоа допрете Календар.

2

Допрете , потоа допрете Поставки.

3

Допрете Временска прогноза.

4

Прилагодете ти поставките според потребите.