Sony Xperia Z - Креатор на филмови

background image

Креатор на филмови

Креаторот на филмови на Xperia™ автоматски создава кратки видеа со должина од околу 30
секунди користејќи ги постојните фотографии и видеа. Апликацијата автоматски ја одредува
временската линија за креирање на филмот. На пример, може да избере фотографии и видеа од
саботната прошетка или од произволен седумдневен период и да ви креира филм. Ќе добиете
известување кога филмот со најважните моменти ќе биде готов. Потоа може да го уредите по
желба. На пример, може да го уредите насловот, да избришете сцени, да ја промените музиката
или да додадете повеќе фотографии и видеа.

Отворање на Креаторот на филмови

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Movie Creator.

Доколку немате зачувано фотографии или видеа во уредот, ниту една функционалност
нема да биде достапна кога ќе ја отворите апликацијата Креатор на филмови.

Исклучување на известувањата за Креаторот на филмови

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Movie Creator.

3

Допрете , потоа допрете Поставки и деактивирајте Известувања.

Исклучување на Креаторот на филмови

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Апликации > Сите.

3

Најдете и допрете Movie Creator > Исклучи.